More

    Се подготвуваат измени на законот за финансиска поддршка на инвестициите

    spot_img

    Министерството за економија ја заврши целата постапка и техничка документација и ја предадовме употребната дозвола за работа на германската компанија „Киел“ во индустриската зона во Тетово, инвестиција која ќе отвори 300 работни места во Полошкиот регион, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината „Платформа -100% посветени на тебе“ на тема „Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација”.

    Тој најави дека следна активност во однос на странските инвестиции ќе бидат измените на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

    – Во наредниот период до Владата ќе доставиме предлог за измена на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, со кои надлежноста за објавување на јавниот повик, како и за исплата на средствата согласно овој Закон ќе се префрли целосно во Министерството за економија и труд – рече Дурмиши.

    Тој најави и дека со бизнис заедницата и со коморите ќе отвори и дијалог за подобрување на овој Закон, во насока, финансиската поддршка за фирмите да оди во вистинските раце, кај оние компании кои ќе покажат раст и развој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img