Се подготвува тендер за изградба и на последниот дел од пругата кон Бугарија

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Директорот на ЖРСМ Инфраструктура Хари Локвенец во интервју за МИА информира дека се подготвува тендер за изградба и на последниот дел од пругата кон Бугарија.

о завршна фаза е подготовката на тендерската документација за надзорен инженер и за техничка помош,  како и за градба за последните 24 километри од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија, а се очекуваме и дека до крајот на годината ќе биде заокружена експропријацијата – вели Локвенец. 

Локвенец информира дека при експропријацијата ги зеле предвид сугестииите на граѓаните на Крива Паланка за пристапните патишта кон железничката станица во овој град и предложените 50 куќи за раселување и уривање од страна на проектантот, се намалени на 16.

-Делот на експропријација во самата Крива Паланка, плански го одложивме за неколку месеци, очекуваме дека во следните неколку месеци ќе бидеме готови во целост со документацијата потребна за овој тип на активности и оти  до крајот на годината или до почетокот со градба на овој инфраструктурен проект во целост ќе ја завршиме експропријацијата на целата трета делница во должина од 24 километри – вели Локвенец. 

Според него, главна цел на инвестирањето во железниата е таа да се врати на вистинското место, да може да придонесува за поквалитетен живот на граѓаните и да биде помош на македонската економија и нејзината конкурентност.

– Очекувам дека за многу бргу ќе излезе на европскиот пазар. Конкурентноста подразбира дека една од варијаблите е квалитетен и евтин транспорт што железницата може да им го понуди на своите корисници – вели Локвенец.

Според него постојните 700 километри пруга треба да се зголемат за 20% со градбата на планираните нови 150 километри на источното и западното крило на Коридорот 8.

Share This Article