Сè почесто руски подморници се забележуваат крај норвешките брегови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руска нуклеарна подморница од типот Ајкула“ е забележана во близина на брегот на Норвешка, откако ја следел поморски патролен авион Посејдон П-8, пишува Дејли МејлСидарт Каушал, од Кралскиот институт за oбединети услуги, за британскиот таблоид потврдил дека тоа е токму таа подморница.

– Во неделата вечерта го видовме британски Посејдон П-8. Во понеделникот ги видовме сите бродови на НАТО и една подморница на површината. Можевме да го слушнеме разговорот на радиото меѓу бродовите и авионите и дефинитивно имаше британски акценти – изјавил инженерот кој ja снимил подморницата.

Ова е само еден од низата инциденти во изминатите неколку месеци. По влошувањето на односите меѓу Западот и Кремљ, поради руската инвазија на Украина, на тој простор е забележано нагло зголемување на „подводните патроли“.

– Тоа е игра на мачка и глушец меѓу патролите на подморниците и земјите низ кои минуваат – рече Каушал. Тој верува дека подморницата видена од норвешкиот брег е дел од руската северна флота која се враќа од парадата за Денот на морнарицата во Санкт Петербург, одржана на 31 јули.

НАТО е незадоволен од ваквите руски „патроли“. Се вели дека активноста на руските подморници е на нивоа што не е забележано од Студената војна. Сличен инцидент се случи и во јули, кога воен брод на Британската кралска морнарица го следеше движењето на две руски подморници во областа. И тогаш во следењето учествуваше подморницата Посејдон П-8“, еден од поморските патролни авиони со долг дострел, како и специјализираниот хеликоптер „Мерлин“. Потоа, меѓу 16 и 19 јули, тие следеа и две руски нуклеарни подморници за напад „Северодвинск“ и „Вепр“. Тие се движеле на југ по норвешкиот брег.

Share This Article