More

    Се почеста е појавата странски туристички групи да носат свои туристички водичи додека престојуваат во земјава

    spot_img

    Се почеста е појавата странски туристички групи да носат свои туристички водичи додека престојуваат во земјава. Оваа појава е поизразита од коронакризата, но годинава станува проблем. Дури 50 отсто од странските туристи одат со сопствен води, што не само што е нелојална конкуренција на нашите водичи и влијае финансиски, туку се одразува и на квалитетот во работењето и презентацијата на земјава, велат од Здружението на туристички водичи и придружници.

    Туристичките водичи и другите туристички работници велат дека појавата е поттикната од законските недоречености кои ги користат странците.

    – Законски, во земјава странски туристички водичи не смеат да работат, но странците увидоа дека имаме „дупки“ во законите и дека туристичките инспектори не можат да казнуваат на самото место и го користат тоа. Практиката е стара, но од коронакризата е драстично зголемена. Секојдневно можат да се видат во Скопје на плоштад и никој ништо не им може. Дури 50 отсто од турите одат со сопствен водич – вели претседателот на Здружението на туристички водичи Бранко Босилков.

    Според него, проблемот е во пропустите во Законот за туристичка дејност и другите закони со кои се регулира областа, но со години ништо не се менува.

    – Во земјава има туристичка инспекција која работи. Ги открива овие девијантни појави, но не може да казнува на самото место. Според законот, кога ќе открие на пример странски водич, инспекторот треба да повика пазарна инспекција која поради недоволниот број инспектори не може да испрати инспектор во моментот. Така странците не добиваат казна и продолжуваат со практиката. Веќе 6 години се работи на закон кој треба да овозможи и овие инспектори да казнуваат, но од него нема ништо. Како здружение бараме туристичките инспектори да добијат целосна надлежност во областа за да може да се справи со ваквите и други незаконски појави кои се актуелни во туризмот – вели Босилков.

    Оваа појава, која се толерира со години, влијае на намалување на бројот на домашни туристички водичи, бидејќи дел од нив ја губат работата.

    – Проблемот не е во тоа што како туристички водичи губиме приходи, туку повеќе е во тоа што губиме млади туристички водичи кои поради немање ангажман ја напуштаат работата и така бележиме недостиг на водичи за одредени јазични подрачја, а со тоа имаме намалена можност на професионален начин да ги претставиме историските и другите приказни за земјава – вели Босилков.

    Туристички работници, пак, велат дека најголем дел од турите кои имаат водичи на диво се од соседните земји кои не ангажираат ниту домашна туристичка агенција, што е исто така законски недозволено.

    – Вакво нешто во други европски центри не може да се случи бидејќи инспекцијата си го прави своето што не е случај кај нас. Кај нас се зборува за историјата и реткостите во земјава од устата на странци кои првпат доаѓаат тука. може да замислите со какви впечатоци заминуваат странците од земјава – вели туристички работник.

    Во земјава има 1.000 лиценцирани туристички водичи, но работат само 300 до 350.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img