More

    Се очекува да расте бројот на заболени со голема кашлица

    spot_img

    Децата кои ги имаат првите три дози вакцини Ди-Те-Пер од примоимунизацијата кои се примаат на 2, 4 и 6 месеци се сметаат за вакцинирани и може да посетуваат градинка.

    Ова го изјави претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски на прес-конференцијата која ја одржа заедно со проф. Александра Гроздановска од Комисијата за имунизација.

    – Сакаме да ги дообјасниме препораките кои важат за тоа кои деца може да посетуваат градинка. Сите оние дечиња кои ги имаат примено трите вакцини од примоимунизацијата на 2, 4 и 6 месеци според календарот за имунизација, може да посетуваат градинка. Но мора да напоменеме дека тие мора во следните 6 месеци, најрано по примената трета доза, да бидат ревакцинирани, и потоа да примат ревакцина на 7 години – рече д-р Петличковски.

    Тој рече дека дете на возраст од 2-3 години кое е вакцинирано со трите дози од вакцината Ди-Те-Пер, а кое поради оправдани причини задоцнило со примањето на четвртата доза, може да посетува градинка.

    Тој додава дека состојбата со големата кашлица во моментов во земјава не е добра и не е стабилна поради неодговорното однесување на родителите. Поразителен е фактот дека 50 проценти од децата во градинките се имунизирани.

    – Имаме разбирање и за родителите. Научно е докажано дека со примоимунизацијата децата се вакцинирани и дека вакцината помага, но не знаеме до кога. Во моментов имаме 170 деца со пертусис во Скопје и над 200 во државата, а очекуваме бројката да расте. Доколку тоа се случи, најверојатно ќе излеземе и со построги мерки во иднина – го пренесе д-р Петличковски заклучокот по состанокот на Комисијата.

    Проф. д-р Александра Гроздановска од Комисијата за имунизација истакна дека дете со примени три дози ќе биде оптимално заштитено и ќе може да посетува градинка.

    – Имунолошкиот аспект од аспект на заштита на детето доколку се задоволени и двата услова, а тоа е вакцинација на 2, 4, 6 месеци и ревакцината да биде примена до 6 месеци. Родителите мора сериозно да го разберат овој апел и да соработуваме, затоа што приоритет е заштитата на децата – вели Гроздановска.

    Двајцата лекари потенцираа дека овие три дози не се трајни и дека мора да се почитува вакциналниот календар и да се прави поригорозна контрола во градинките за пертусис, но и за вакцинацијата за морбили. Бидејќи, како што велат, мора сериозно да се сфати бранот кој со пертусис се движеше низ Балканот, а сега и за морбилите.

    – Мора да се подигне свеста кај граѓаните дека мора делот на превентивата да го запазиме за да имаме здрави поколенија. Вакви состојби со здравствена криза воопшто не ни се потребни, особено ако една или две епидемии ни се случат истовремено. Со вака нискиот опфат на вакцинација ризикот е навистина сериозен, а секоја наредна мерка ќе биде сè поригорозна – додаде Гроздановска.

    На крајот д-р Петличковски апелираше дека не постојат потврди за привремена спреченост, а кои често родителите ги бараат. Постојат потврди само за трајна спреченост од вакцинација и кои се издаваат од трочлена комисија на Клиниката за детски болести, други не се валидни, ниту од матичен лекар, ниту од клиниката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img