Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, двајцата од најдобрите тенисери во историјата би можеле да играат еден против друг во второто коло на олимпискиот турнир во Париз.
За да стигне до тениската класика, Новак во првото коло треба да го победи Австралиецот Ебден, додека Надал ќе ги одмери силите со Мартон Фучович.
РОЈТЕРС/Гонзало Фуентес
Доколку ги помине првите две кола според предвидената ждрепка на Ѓоковиќ, кој е поставен како прв носител, би го чекал домашниот адут Артур Филс, додека во четвртфиналето би му припаднал на осмиот носител Стефанос Циципас.
Потенцијален ривал на најуспешниот тенисер во историјата во полуфиналето би можел да биде актуелниот олимписки шампион Александар Зверев.
Долната половина од ждрепката ја предводи Карлос Алкараз, кој на стартот ќе игра против Либанецот Хабиб. Негов потенцијален ривал во четврт-финалето е Де Минаур, а во полуфиналето Даниил Медведев.