More

    Се качиле на дрво, но бикот се обидел да ги истресе

    spot_img

    Двајца сопружници од делчевското село Град биле нападнати од бик, кој му припаѓал на соседот, додека работеле во овоштарник. Бикот бил толку разбеснет што преплашените сопружници морале да се качат на дрвјата за да спасат жива глава. Бикот беснеел по овоштарникот, ги тресел дрвјата на кои се качиле сопружниците, а го оштетил и нивното возило.

    Во целиот хаос, двајцата луѓе сепак успеале да повикаат пријател да им помогне. Дошла и полиција, па го повикале и сопственикот, кој успеал некако да го смири бикот.

    Сопственикот на бикот е викнат на службен разговор во полиција и ќе му биде поднесена кривична пријава за делото „предизвикување општа опасност“.

    Настанот се случил во понеделникот во 15:20 минути на место викано „Низамски ниви“. Утврдено е оштетување на овоштарникот и на едно возило, како и предизвикување опасност за С.С. и неговата сопруга Ј.С., двајцата од село Град, делчевско. Против М.С., сопственик на бикот, ќе биде поднесена соодветна пријава, извести СВР Штип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img