Се јави политичката партија Десна, чиј лидер е бегалецот Палевски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во соопштение за јавноста, политичката партија Десна чиј основач и претседател е осомничениот за убиство Љупчо Палевски-Палчо, изразува најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Во партиското соопштение е наведено:

„Во овој тежок момент и период, кога во Македонија за 7 дена се случија две убиства, во Велес и Скопје, се соочивме информации кои донесоа шок и неверување за нас. Пред сè, изразуваме најдлабоко и најискрено за загубата на два човечки живота, младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. На семејствата на жртвите им изразуваме најдлабоко сочувство за загубата на нивните најблиски. Политичката партија Десна, за своите членови и претседателот на партијата, доколку се докаже дека се виновни, бара да бидат најстрого казнети. Во меѓувреме, апелираме да се почитува уставно загарантираната презумпција на невиност на осомничените и обвинетите, додека не се докаже спротивното. Пред Обвинителството и органите на прогонот претстои тешка и деликатна задача во целост да ги разоткријат сите елементи на овие настани. Заради тоа, ние членовите на партијата, им стоиме на располагање на органите на прогонот, со цел на расветлување на кривично-правниот настан и изведување пред Судот на сторителите на овие грозоморни случаи. Политичката партија Десна, согласно Статутот на партијата, ќе ги замрзне членството, функциите и активностите на обвинетите до крајот на процесот. Уште еднаш изразуваме искрено жалење и сочувство до семејствата на Вања и Панче“, објави Десна.
Share This Article