Се истумба автобус, се преврте и брод со ученици во пакистанската провинција Балучистан

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Превртување на автобус во провалија во пакистанската провинција Балучистан зеде повеќе од 40 човечки животи. Додека несреќата одекна во медиумите се појави нова вест дека најмалку 10 деца загинале на брод кој се превртел на северозападот од земјата. Нуркачите трагаат по децата во езерото Танда, каде децата отишле на пикник, јавува Ројтерс.

По луѓе се трага и кај превртениот автобус во Балучистан. Луѓето бидуваат извадени од под урнатините од мостот во кој автобусот удрил пред да изгуби контрола, а потоа и се запалил во провалијата. Сообраќајните несреќи се чести во Пакистан, каде ретко се почитуваат сообраќајните правила, а патиштата се во лоша состојба. Жрвите уште се бројат, а 41 од 48 присутниво возилото се потврдени за мртви.

Во случајот со учениците, имало 50 деца меѓу 7 и 12 години во бродот. Нивната екскурзија била религиозна. Засега, 25 од децата излегле од водата.

Share This Article