Се бара решение за деблокирање на украинските житарки

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Европска Комисија денеска го претстави акцискиот план со кој се предвидува воспоставување на „солидарни патеки“ за да се овозможи копнен извоз на жито и други земјоделски производи од Украина, чии пристаништа се блокирани по руската инвазија.

Во нормални околности, 75 отсто од производството на жито во Украина оди за извоз, што претставува една петтина од вкупната извозна заработка на Украина. Пред руската инвазија, 90 проценти од извозот на жито и маслодајни семиња се одвиваше преку украинските пристаништа на Црното Море.

– За помалку од три месеци, 20 милиони тони жито ќе треба да ја напуштат Украина, користејќи ја инфраструктурата на ЕУ. Тоа е огромен предизвик и затоа е неопходно да се координираат и оптимизираат логистичките синџири, да се воспостават нови рути и да се избегнат, колку што е можно, тесните грла – се наведува во соопштението од ЕК.

ЕК апелира до националните власти да бидат што е можно пофлексибилни и да обезбедат соодветен персонал за да ги забрзаат процедурите за преминување на границата.

Исто така ЕК најави дека ќе го процени расположливиот капацитет за складирање во ЕУ и, во координација со земјите-членки, ќе обезбеди поголем привремен капацитет за складирање на украинскиот извоз.

Share This Article