More

    Се бара начин да не се менуваат табличките поради ознаката НМК

    spot_img

    Можно да се донесе решение за регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните и наместо нови таблички, тие да добиваат налепници со ознаката НМК – најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за Радио Слободна Европа.

    Како што изјави Спасовски, наместо да се плаќа од 1.400 до 1.500 денари за нови регистерски таблички на кои наместо ознаката МК (Macedonia – Македонија) да стои ознаката НМК (North Macedonia – Северна Македонија) можно е оваа давачка да изостане и да се најде решение само со налепници.

    Оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но во тек е дебата за начинот како ќе биде спроведена, по големиот број реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра.

    – Веќе имаме формирано работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со Макамтранс затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што е впрочем и со документите и мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните – рече Спасовски.

    МВР пред еден месец објави дека сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарските таблички што значи и издавање нова сообраќајна дозвола. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблички е од 1.200 до 1.300 денари, во зависност од обликот на регистарската таблица. Законот предвидува казна од 100 евра доколку некое возило е во сообраќај со поинакви регистарски таблички од пропишаните.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img