Се бара кривичен прогон и разрешување на првиот градежен инспектор Фатмир Арифи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Антикорупциската комисија бара да се отвори кривична постапка и да се разреши директорот на Државниот градежен инспекторат Фатмир Арифи, затоа што стекнал имот за кој нема обезбедено доказ за потекло, ниту пак е стекнат со легални прихиоди за кои е платен данок. Арифи во текот на својот мандат купил два стана, еден во Чаир, друг во Железара, како и автомобил вреден 18.000 евра. Тој бил повикан на разговор во ДКСК и таму рекол дека, покрај што ја врши директорската функција, продава и половни автомобили, па така го стекнал имотот. Арифи не доставил никаква документација која би ги потврдила неговите тврдења за спорниот имот.

Антикорупционерите ќе поднесат до Обвинителството иницијатива за отварање кривична постапка според член 359а, кој се однесува на прикривање на потекло на несразмерно стекнат имот. За ова дело казната се движи од шест месеци до пет години затвор како и парична казна и одземање на имотот.

– Од увидот во податоците во банките и другите финансиски институции во нашата држава за именуваниот и неговите членови од семејството со кое живее произлегува дека именуваниот освен редовните примања по основ на плата, не остварува дополнителни приходи, а имајќи предвид дека истиот не достави докази за основот и потеклото на средствата за стекнување на становите и возилото не се докажа дека наведениот имот е стекнат како резултат на примања кои се пријавени и оданочени – вели претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска.

Арифи беше назначен за директор во октомври 2020 година.

Share This Article