СДСМ се одлучи за подрумско хотелска гилотина!

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Митингот на СДСМ и Коалицијата во селото Пештани на 15-тиот километар до Охрид заврши пред преполната сала со некаде 200 граѓани од Охрид , Струга,Ресен и Битола.

Иронијата се поиграла со Социјал демократскиот сојуз на Северна Македонија,до пред само 3 години полни плоштади,сега едвај пронајдоа и хотелско саличе,како би се сокриеле во некакви си подрумски простории,но како би рекол наредоцеот наш напатен „Од стравот се бега, од страмот НЕ“. Некогаш „шарени“ револуционери,а сега до степен на сватови без зет и невеста,трагедија!!

Но ова не е прв пат да се бега во некакви си али простори,најнапред промотивниот митинг на кандидатот за претседател на СДСМ Стево пендаровски, на влезот на некогашната летната бавча на хотелот „Палас“ во Охрид ,пред едвај 200 подржувачи на СДСМ предводени до претседателката на ОО СДСМ Охрид Кристина Крлеска Деспотовска и нејзиниот татко Ќире Крлески,оној лик кој го насанка Пендаровски да одговара на прашање за вечниот страм на СДСМ ,автопатот Охрид- Кичево,а сега нова дрндупка ,сокрисе по хотелски подруми….

Додека нивните политички ривали ВМРО ДПМНЕ ,го преполнија „Кеј Македонија“ во Охрид со над 20.000 граѓани,направија вистинско политичко шоу во Охрид, СДСМ се одлучи за подрумско хотелска гилотина!Има разлика..

Но да не остане некажано она што од СДСМ сакаат да го сокријат од јавноста:

неколку денови наназад СДСМ било по потрага на салички низ охридските хотели.Како што дознаваме најнапред се пробале со банкет салата во Хотел Инекс, од каде им било одговорено дека истата се реновира!

Потоа побарале дел од конгресните сали во хотели „Метропол“ Охрид, од каде му било одговорено ,дека истите се преполни и зафатени за овие термини.Но ниту салата се реновирала во Инекс,а уште помалку салите во Метропол биле зафатени!Нешто премногу е труло дечки…

Share This Article