More

    СДСМ го осуди сквернавењето на македонското знаме

    spot_img

    СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на огнено оружје што се случија за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме, соопшти партијата.

    „Инцидентите во Скопје и во други градови низ државата се апсолутно неприфатливи, претставуваат директно загрозување на меѓуетничките односи, јавната безбедност и на достоинството на Македонците. Почитувањето на симболите и на идентитетот на секоја заедница е темел на нашето заедничко општество и секое однесување, кое има за цел да предизвика поделби или тензии, е спротивно на овие вредности“, се наведува во соопштението.

    СДСМ бара од Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, итно да постапи и МВР да ги преземе сите потребни мерки за санкционирање на сторителите на овие непромислени и штетни дејствија.

    „Безрезервното спроведување на законите е единствениот пат до зачувување на мирот, безбедноста и довербата меѓу сите граѓани. СДСМ повикува на смиреност и на воздржаност од дополнителни провокации“, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img