Две нови сателитски снимки покажуваат неидентификувани бели форми на врвот на реакторот 4 во нуклеарната централа Запорожје.
Сликите, направени од компанијата за сателитски снимки Планет Лабс, се направени на 5 јули, еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврдеше дека можеби имало поставено експлозив во нуклеарната централа.
Пет бели форми се видливи на најјасните слики направени во 07:51 по локално време. Втората слика направена во 10.16 покажува само три бели форми. На третата слика, која е направена неколку часа пред другите две фотографии, не се гледаат бели облици, а Planet Labs укажува дека сликата е направена во 05:27 часот.
„Сега имаме информации од нашата разузнавачка служба дека руските војници поставиле предмети што личат на експлозив на покривот на неколку енергетски единици на нуклеарната централа Запорожје. Можеби за да се симулира напад на објектот. Можеби имаат друго сценарио“, рече Зеленски во вторникот.
Тој тврдеше дека наводните предмети биле поставени на врвот на реакторите три и четири, пренесува tportal.