„Со поднесените 80 амандмани по предлог Програмата за располагање на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, советничката предлага зголемување на минималната почетна продажна цена за само 12 денари и секој нов амандман со покачување за само 1 денар.
Иако советничката знае дека цената ја утврдува Владата, таа свесно сака да ја блокира седницата на Совет со што ќе ја донесе во прашање Одлуката за обезбедување на финансиски средства за организација на Охридскиот пливачки маратон“.