По еден месец борба со болеста, српскиот пејач Саша Ковачевиќ се врати на работните обврски и во моментот се наоѓа на црногорското крајбрежје.
Ковачевиќ сега откри што бил проблемот и како се чувствува.
„Сигурно изгубив околу пет килограми, но добро, важно е како човек се чувствува и сега се чувствувам многу добро. Верувам дека си ги вратив силите и затоа продолживме да правиме концерти и да имаме настапи. Дефинитивно не би настапувал доколку се чувствувам лошо. Периодот каков што беше помина, така што не се навраќам на оние работи кои не беа баш добри, но секогаш гледам во иднината. Не знам што беше, изгледа се се акумулираше со оглед на тоа што живееме со побрзо темпо и побрз живот. Во одреден момент веројатно се јавува некаков стрес, кој е дополнителен тригер и тоа е тоа“, изјави тој за српски „Телеграф“.
„Вирусот кој помина низ мене, како што ми кажуваат лекарите, е вирус кој го пренесуваат деца, значи нешто што, всушност, децата не го ни регистрираат. Дури и целото мое семејство помина низ истото, буквално без кашлица, температура и сето тоа, но потоа ми се случи нешто со крвната слика што не беше сјајно, па ме оставија во болница осум, девет дена на разни тестови. Му благодарам на Бог, по сите тие анализи дознавме што е тоа“, истакна Саша.