More

    САРАЕВСКА АКТЕРКА ТВРДИ ДЕКА БИЛА НА ЗАБАВИТЕ НА ДИДИ

    spot_img

    Сараевската актерка и модел Дајана Гудиќ со години живее и работи во Лос Анџелес, а неодамна гостувала во српската емисија „Амиџи шоу“ каде рекла дека холивудскиот актер Бред Пит ја контактирал на социјалните мрежи. Сега таа предизвика низа реакции бидејќи во интервјуто во еден поткаст тврдела дека била на забава со американскиот рапер Шон Комбс (54), попознат како Пи Диди, кој е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и кривични дела поврзани со проституција.

    Сараевската актерка раскажала дека била на роденденската забава на Пи Диди минатата година. Таа тврди дека била во дел кој е наменет само за специјални гости и кој има посебни правила…

    – Имаше тука една просторија која е ВИП и тука има само околу 20-30 луѓе и неговите блиски пријатели, а веднаш покрај неа има околу 200-300 луѓе и тука има голема забава. Секогаш има некој настап – раскажала таа и истакнала дека приватно се познава со раперот и открила што се случува во ВИП собата.

    – Ние одиме во тој ВИП дел и тоа е нешто што нашите луѓе тешко го разбираат. Кога ќе влезете во таа просторија, веднаш тука се Бијонсе, Џеј Зи, Леди Гага, Бред Пит, Ким Кардашијан… И потоа сум тука јас. Се запрашав што јас правам овде – рекла актерката.
    – На такви места нема сликање ниту снимање, телефонот се остава. Мене не ми го земаат телефонот затоа што ми веруваат, бидејќи долго време се дружам со нив и никогаш не сум се сликала – објаснила таа.

    Инаку, Дајана Гудиќ се појави во филмот „All-Star Weekend“ на Џејми Фокс. Во него глумеа и Џерард Батлер, Роберт Дауни помладиот, Бенисио Дел Торо… Додека во 2022 година, таа глумеше во филмот „Dyad“, во режија на Патрик Флаерти.

    На почетокот на оваа година, таа ја најави и својата главна улога во американскиот трилер.

    Да потсетиме, раперот Пи Диди во септември заврши зад решетки, а поради гореспоменатите обвиненија се изјасни за невин по споменатите точки од обвинението, во кое е наведено дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и дрогирање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img