Според последните официјални податоци на IQAir за квалитетот на воздухот, главниот град на Босна и Херцеговина од утрово е на седмото место по загаденост на воздухот.
Имено, според овие податоци, Сараево е во првите десет најзагадени градови во Европа.
Најзагаден град во светот утринава е Њу Делхи со индекс 483.
Следат Карачи, Калкута, Ханој, Лахоре со многу помал индекс на загаденост, додека Сараево на седмото место во светот има индекс 156 и е означен како „Нездраво за чувствителни групи“.
„Заболените од болести на дишните органи и срцето, како и постарите, трудниците и децата треба да го намалат продолжениот или поголем стрес за време на престојот надвор. Сите останати треба да го ограничат продолжениот или поголем напор додека се надвор“, се вели во извештајот.