More

    Санкциите ја враќаат руската економија 15 години назад

    spot_img

    Санкциите воведени против Москва поради инвазијата врз Украина го поништуваат 15-годишниот економски напредок во Русија и 30 години интеграција со Западот, се вели во последниот извештај на Институтот за меѓународни финансии (ИИФ).

    Но, влијанието на овие мерки е тешко да се предвиди бидејќи тие зависат од можните нови санкции од една страна и од можниот одговор на Русија, особено во енергетскиот сектор, од друга страна.

    – Војната би можела да биде скапа за рускиот претседател Владимир Путин, но санкциите не делуваат „како притискање на прекинувач“ – изјави на прес-конференција економистот на ИИФ, Елина Рибакова.

    Во својот последен извештај, ИИФ предвидува дека руската економија ќе падне за 15 отсто оваа година и уште 3 отсто во 2023 година.
    Финансиските санкции – особено намалената способност на Москва за отплата на надворешниот долг – зголемувањето на цените и заминувањето на странските компании од земјата ја забавија странската побарувачка и на тој начин „ја влошија краткорочната, среднорочната и долгорочната економска перспектива“.

    Авторите на извештајот истакнуваат дека „допрва ќе се чувствуваат потешки последици“.

    Елина Рибакова рече дека санкциите ги разнишаа глобалните синџири на вредности. Таа во тоа гледа „распад на 30 години инвестиции и поврзување со Европа“.

    Извршниот потпретседател на ИИФ, Клеј Ловери смета дека оценката за успехот на санкциите воведени против Русија зависи од тоа што сакаат да постигнат владите.

    – Ако се сака да ѝ се наштети на економијата санкциите секако ќе имаат ефект и тој ќе се зголеми – рече тој но додаде дека досега, санкциите се покажаа како неефикасни кога станува збор за промена на политиката.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img