Во Казахстан се снимени морничави слики од пожар во катна зграда во градот Алмати. Локалните медиуми јавуваат дека повеќе од 300 луѓе се евакуирани од станбениот блок, бидејќи постоела опасност од ширење.
Јасно е дека некои жители останале заробени, за што сведочи сцената на мајка која се подготвува да ги фрли децата од петти кат, додека луѓето на земја расплетуваат чаршафи, пренесува Телеграф.
Во следната сцена малото дете паѓа од висина од околу 20 метри, а луѓето го фаќаат. Драмата не завршила, бидејќи веднаш потоа беше фрлено уште едно дете, а потоа испаничената мајка скокнала. За среќа, некој донел душек за да го ублажи падот, бидејќи чаршафите тешко би ја издржале тежината на возрасен.
Останува нејасно зошто станарите не ја напуштиле зградата користејќи ги пожарните скали, а постои можност да биле блокирани. На видеото се гледа како некои од нив стојат покрај прозорците за да не се задушат од чадот.
Локалните медиуми јавуваат дека нема жртви, а во болницата биле згрижени 31 лице, меѓу кои 16 деца.
Пожарот по извесно време бил локализиран, а во акцијата учествувале 50 пожарникари кои донеле големи скали и на тој начин ги извлекле затрупаните лица, пренесува The Sun.