More

    Само еднаш бил искористен директниот телефон Вашингтон-Москва во војната во Украина

    spot_img

    Само еднаш бил искористен директниот телефон Вашингтон-Москва во војната во Украина, пишува Ројтерс цитирајќи анонимен службеник во администрацијта на американскиот претседател Џо Бајден. Во повикот била пренесена „загриженоста за руските воени операции во близина на критичната инфраструктура во Украина“, но не е јасно дали таа инфраструктура се однесува на нуклерната централа Запорожје, браната Нова Каховка.

    Познато е само дека повикот не се однесувал на проектилот кој падна во Полска на почетокот на овој месец. Дали освен ваквиот повик од највисоко ниво на повеќе наврати американските воени лица директно разговарале со Русите? Да, познато е дека Марк Мили, претседателот на здружениот Генералштаб на САД и Валери Герасимов, првиот генерал на руските воени сили во војната двапати муабетеле во февруари.

    Освен тие воени разговори, американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан и директорот на ЦИА Бил Барнс разговарале со руски претставници за време на конфликтот.

    Но, се чини дека разговорите одат тешко, дури и на „жежок телефон“. Американско-руските преговори за контрола на нуклеарното вооружување, кои требаше да се одржат во вторник во Каиро, се одложени, изјави во понеделникот руското Министерство за надворешни работи за РТ. Русите ненадејно ги одложиле разговорите за она што е познато како договорот Нов СТАРТ, кој е единствен од ваков тип.

    Руските власти предупредија дека додека САД и нивните сојузници во НАТО испраќаат сè понапредно оружје во Киев, ризикуваат да станат директни страни во конфликтот и да предизвикаат поширока конфронтација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img