More

    Само 26 отсто од Австријците со оптимизам гледаат на иднината

    spot_img

    Песимизмот во Австрија, поради украинската војна и поскапувањето на цените, е на највисоко ниво од 1970-те години, јавија медиумите.

    Педесет отсто од Австријците со песимизам ги чекаат наредните 12 месеци, покажа истражувањето на „Lacarsfeld“. Само 26 отсто од граѓаните оптимистички гледаат на наредниот период.

    Според „Lacarsfeld“, толку високо ниво на песимизам во земјата немало од 1970-тите и тогашната енергетската криза.

    На негативното расположение кај граѓаните, најмногу влијание имаат економската рецесија, војната во Украина и растот на цените.

    За својата безбедност за време на војната во Украина, загрижени се 51 процент од Австријците.

    Како што објаснува „Lacarsfeld“, се работи за грижи околу економска безбедност, стравот од нуклеарна војна што расте.

    Истражувањето го покренало и прашањето околу стабилноста на австриската Влада во сегашни услови.

    Така, 44 проценти од Австријците навеле дека Владата е нестабилна и оти нема соработка меѓу коалиционите партнери, а околу 24 отсто имаат поинакво мислење.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img