Сакајќи да направи селфи, американски турист падна во кратерот Везув

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Водичите во туристичкиот центар Везув успеале да извлечат американски турист кој паднал во кратерот додека се обидувал да си го извади паднатиот телефон, пренесува АП.

Медиумите јавуваат дека група туристи скршнале од дозволената патека за да се доближат до кратерот и да направат селфи, а еден од нив се лизнал и паднал во кратерот.

Шефот на туристичката асоцијација, Паоло Капели, рече дека четворица водичи веднаш одговориле на повикот дека туристот е во „сериозни тешкотии“.

Капели рече дека водичите спуштиле јаже долго 15 метри во кратерот, го извлекле туристот и му пружиле прва помош, бидејќи се здобил со гребаници на нозете, раката и грбот.

Везув, кој во 79 година од нашата ера го уништи блискиот град Помпеја во силна ерупција, е многу популарно место за пешачење.

Share This Article