САД веруваат дека рускиот воен брод Москва што потона бил погоден од две украински ракети, изјави висок американски функционер, пренесува Би-би-си.
Официјален Киев истакнува дека неговите ракети го погодиле бродот, но Русија не пријави никаков напад и тврди дека бродот потонал откако пожар предизвикал експлозија на муниција.
Украина, пак, тврди дека во експлозијата загинал и капетанот на „Москва“.
Во изјава за Телеграм, Антон Херашченко, советник во украинското Министерство за внатрешни работи, рече:
– Капетанот од прв ранг, командант на крстосувачот Москва од Црноморската флота Антон Куприн загина за време на експлозијата и пожарот на бродот.
Капетанот Антон Куприн даде наредба да се бомбардира Змискиот остров на првиот ден од војната.