More

    САД со нови санкции за Милорад Додик и неговиот син

    spot_img

    Соединетите Американски Држави воведоа санкции против лице и компанија поврзани со претседателот на ентитетот на БиХ, Република Српска, Милорад Додик и неговиот син Игор Додик, објави во средата американското Министерство за финансии. Тие истакнаа дека Додик со години ја користи својата службена положба за да трупа лично богатство преку фирми поврзани со него и неговиот син.

    Министерството за финансии воведе санкции против директорот на претходно санкционираната компанија „Проинтер ИТСС“, Владимир Перишиќ и компанијата „Елпринг“ од Лакташев во северозападна Босна и Херцеговина.

    Како што наведоа, санкционираниот и компанијата поддржуваат мрежа на корумпирани патрони во БиХ, која се обидува да ги избегне американските санкции и е директно поврзана со синот на Милорад Додик, Игор Додик.

    Министерството потсети дека минатата година санкционирале повеќе фирми и физички лица под директна контрола на Игор Додик. Според Министерството, мрежата на Додик оттогаш спроведува агресивна стратегија, со која се обидела да ги заобиколи ефектите од санкциите. Тоа го направи со реструктуирање и повторно основање компании со цел да ја скрие контролата и да ги пренесе средствата на компанијата од одредени субјекти. Меѓу новооснованите фирми беше и „Елпринг“, која служеше како замена за една од санкционираните фирми.

    Според Министерството, Милорад Додик ја искористил својата службена положба за да ги насочи државните договори на Република Српска кон мрежата на приватни компании контролирани од него и Игор.

    САД веќе воведоа санкции против Додик во 2022 година, велејќи дека неговите сецесионистички потези го загрозуваат кревкиот Дејтонски мировен договор. Минатата година санкции беа воведени и против неговите две деца Игор и Горица Додик, кои наводно биле вклучени во неговите политички и економски афери.

    Санкциите вклучуваат, меѓу другото, забрана за водење бизнис со лица под санкции и конфискација на имот во САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img