САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

САД почнаа со дистрибуција на вакцина за деца постари од шест месеци. За неколку дена, вакцината треба да биде достапна низ целата земја, информираше координаторот на Белата куќа за ковид-19, доктор Ашиш Јха.

Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината на Модерна во 2 дози за младите на возраст од 6 месеци до 5 години, како и на Фајзер-БиоНТех во 3 дози за шестмесечни бебиња до четиригодишни деца.

Еден од пет родители на деца помали од 5 години потврди дека ќе го вакцинира своето дете, штом тоа биде овозоможено, покажа анкетата објавена во мај од фондацијата Кејсер фемили.

Според официјални податоци, 29 отсто од децата на возраст од пет до 11 години целосно се вакцинирани со Фајзер-БиоНТех, откако вакцината е одобрена во октомври.

Share This Article