More

    САД и Велика Британија го забранија увозот и трговијата на метал од Русија

    spot_img

    Вашингтон го забрани увозот на алуминиум, бакар и никел од руско потекло во САД.

    Оваа одлука, која е во сила од саботата, е дел од дополнителните санкции што ги презема заедно со Велика Британија за намалување на приходите на Москва, кои ги користи за војна против Украина.

    Покрај забраната за увоз на овие видови метали, со оваа одлука се ограничува и нивната употреба во светската трговија со метали и преку шалтер во трговијата со финансиски деривати – соопшти американското Министерство за финансии.

    Металните берзи, како Лондонската берза за метали (LME) и Чикашката берза (CME), нема да можат да прифатат алуминиум, бакар и никел произведени од Русија, подвлече Министерството за финансии.

    Металите се главната извозна ставка на Русија по горивото, иако обемот е намален по руската инвазија на Украина – според друго соопштение на британската влада.

    Рускиот извоз на метал се намали од 25 милијарди долари во 2022 година на 15 милијарди долари во 2023 година „поради напорите на Г7 и нејзините сојузници да го ограничат пазарот“, се вели во британското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img