Американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за продолжување на откажувањето од царините за увоз на челик од Европската унија до крајот на 2025 година.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот потпиша указ со кој за две години се продолжува откажувањето од царините за увоз на алуминиумски челик од ЕУ во САД, објави Белата куќа. Откажувањето од царинските давачки важи до крајот на декември 2025 година.
„Продолжуваат дискусиите со ЕУ за задоволителни алтернативни средства за елиминирање на опасноста увозот на челик и алуминиум од овие земји да ја загрози националната безбедност на Соединетите држави“, најави Бајден.
Дополнителни царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ воведе претходникот на Бајден, Доналд Трамп, но Бајден не ги укина, туку само привремено ја суспендираше нивната важност. Трамп ги зголеми царините за челик од ЕУ на 25 отсто и за алуминиумот на десет отсто.
ЕУ воведе одмазднички мерки за различни американски стоки, но по заминувањето на Трамп и доаѓањето на Бајден во Белата куќа, привремено ги суспендираше.