Администрацијата на Бајден го одложи рутинското пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета Minuteman III за да избегне ескалација на тензиите со Пекинг додека Кина спроведува големи воени вежби во близина на Тајван, објави во четвртокот The Wall Street Journal, цитирајќи американски официјални претставници.
Воздухопловните сили на САД планираа да ја лансираат ракетата оваа недела од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија.
Американските власти не кажаа кога ќе се изврши тестирањето, но еден рече дека тоа би можело да биде за 10 дена.
Кина започна големи воени вежби во близина на Тајван во четвртокот, еден ден откако претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го посети островот.
Претставниците на Пентагон не можеа да се контактираат за коментар.
Американската војска го одложи тестирањето на таа ракета до април за да не ескалира тензиите со Русија додека трае војната во Украина.
Ракетата Minuteman III може да носи нуклеарни бомби. Има домет од повеќе од 9.660 километри и лета со брзина од околу 24.000 километри на час.