Неколку бомби експлодираа во база кадешто бил паркиран „авионот за судниот ден“ на рускиот претседател Владимир Путин, на само 30 километри од Москва. Украинска Правда пишува дека сторителот е непознат, но го потврдува нападот. Главната разузнавачка управа на Украина(ГРУ) на Телеграм објави дека саботажата предизвикал паника во Кремљ.
Во базата „Чакаловски“ бил чуван Иљушин Ил-у80, руски команден авион кој би се употребил во случај на нуклеарна војна. Нападот беше извршен пред два дена, а судејќи според сателитските снимки кои ги објави украинската ГРУ, во нападот беа оштетени авионите Антонов Ан-148 и Иљушин Ил-20, како и хеликоптерот Ми-28Н кој беше користен за соборување дронови во Москва и во регионот, пишува британски Сан.
Покрај тоа, во базата Чкаловски се наоѓаат и најнапредните руски извидувачки авиони. Диверзантите, наводно, поставиле експлозиви во самата воздухопловна база, што бил многу смел потфат.
Наводно, штетата е таква што нема да може брзо да се поправи авионот. Руските власти интензивно трагаат по лицата кои ја извршиле оваа диверзија и се обидуваат да го ограничат ширењето на информациите за овој настан.
„Авионот на судниот ден“ беше изграден за да биде команда „од небо“ во случај на нуклеарна војна. Овој авион во круговите на НАТО го носи кодното име „Maxdome“ и може да издржи нуклеарна експлозија.
Но, тоа не ги спречи крадците кои упаднаа во воздухопловната база Чакаловски во декември 2020 година и од леталото одзедоа дури 39 парчиња различна радиоопрема во која имало злато и платина. Кражбата била успешна бидејќи товарниот отвор во авионот останал отворен.