Сѐ уште се гласа во дијаспората, информираше ДИК

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2.147 гласачи, се затворени, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија.

„Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1.380 гласачи или 64 проценти од запишаните“, информираат од ДИК.

Во текот на денешниот ден своето гласачко право во единствениот центар за внатрешно раселени лица можеа да го остварат и двајца гласачи кои се водат како внатрешно раселени и тие го оствариле своето право. Гласачкото место и во центарот за раселени лица е затворено.

Вкупно 534 гласачи кои се сместени во 20 центри за вонсемејна грижа имаа можност да го остварат своето право на глас во центарот каде што се сместени. Од вкупно 250 гласачи од седум центри, гласале 208 гласачи или 83 отсто.

Избирачките одбори во Република Северна Македонија во текот на денешниот ден го спроведуваа и гласањето на лица кои се болни или немоќни, а кои до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација. Во своите домови гласачкото право го остваруваа 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни и немоќни. Досега, според информациите од општинските изборни комисии, гласале 6.543 односно 94 проценти болни или немоќни лица.

Од ДИК, наведуваат дека на 31 гласачко место во дипломатско конзуларни претставништва во странство, можност да гласаат имаа 2.569 гласачи кои се пријавиле и чии пријави се прифатени од Државната изборна комисија. Сѐ уште се отворени шест гласачки места каде гласањето ќе трае до 19 часот според временската зона на земјата каде што се гласа.

„До 19 часот, според информациите кои ги добиваме од избирачките одбори, вкупната излезност од гласањето во странство изнесува 891 гласачи, односно 35 проценти. Напоменуваме дека во оваа излезност поради временската зона не се вклучени шест избирачки места каде што сеуште трае гласањето“, посочуваат од ДИК.

Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот список се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.

Досега ДИК издаде акредитации за набљудување на 915 домашни, 628 странски и меѓународни набљудувачи и 38 странски новинари. За правовремени и точни информации поврзани со изборите, на сите граѓани на располагање им се и интернет страницата на ДИК www.sec.mk, како и страниците на социјалните мрежи Фејсбук, Х, Инстаграм и каналот на Јутјуб.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article