More

    Руско Министерство за одбрана: Неутрализиравме неколку беспилотни летала во Црното Море и Крим

    spot_img

    Москва објави дека неутрализирала четири дронови на украинската морнарица во Црното Море кои се движеле кон Крим, како и три воздушни беспилотни летала над тој полуостров.

    „Четири чамци без екипаж кои се движеле кон полуостровот Крим се откриени во западниот дел на Црното Море“, соопшти руското Министерство за одбрана.

    „Сите откриени цели се уништени“, рече изворот.

    Покрај тоа, руската противвоздушна одбрана уништи три украински беспилотни летала над Крим, се вели во одвоеното соопштение на Министерството во кое се осудува „терористичкиот напад на режимот во Киев“.
    Нападите со поморски или воздушни беспилотни летала се вообичаени во Украина и се зголемени од ова лето, кога Киев започна контраофанзива.

    Москва на почетокот на септември соопшти дека спречила напад со дрон насочен кон мостот што ги поврзува Русија и Крим.

    Русија го анектира Крим во 2014 година. Мостот беше оштетен двапати од почетокот на руската офанзива во февруари 2022 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img