More

    Руските војници ги извршиле „истите злосторства” во Херсон како и во другите региони на Украина што ги окупираа

    spot_img

    Руските војници ги извршиле „истите злосторства” во Херсон како и во другите региони на Украина што ги окупираа, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

    Украинските трупи презедоа делови од регионот Херсон од левата страна на реката Дњепар – вклучувајќи го и главниот град Херсон – кој руската армија го окупираше на крајот на февруари на самиот почеток на инвазијата и неодамна го напушти во согласност со наредбите од Москва.

    – Пронајдени се тела на убиени: цивили и војници. Во регионот Херсон, руската армија зад себе ги остави истите ѕверства како и во другите региони на нашата земја, каде што можеше да влезе – рече Зеленски.

    Тој вети дека „секој убиец ќе биде пронајден и изведен пред лицето на правдата”.

    Украинскиот претседател исто така изјави дека се документирани 400 руски „воени злосторства”, без да прецизира дали податоците се однесуваат само на регионот Херсон.

    Тој рече дека во последните 24 часа имало ракетни и артилериски напади врз Суми, Харков, Запорожје, Луганск и Доњецк.

    – Битките во регионот на Доњецк се интензивни како и претходните денови. Таму е вистински пекол – таму се водат исклучително жестоки борби секој ден – предупреди тој.

    Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, соопшти дека е гаѓана областа Индустријалниј во градот. Според првичните информации погоден е индустриски објект. Засега нема информации за жртви.

    Главниот штаб на украинските вооружени сили извести за продолжување на нападите долж источниот фронт во регионите Доњецк и Луганск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img