Руските власти заплениле повеќе од 100 милиони долари од сметките на Гугл во руските банки и ги инвестирале во медиуми кои ја поддржуваат руската војна во Украина, пишува денеска британски Телеграф, повикувајќи се на судски документи.
Според документите доставени од Гугл до американскиот суд, руските извршители ги конфискувале тие средства во 2022 година и на тој начин ја турнале руската филијала на компанијата во банкрот.
Руската филијала на Гугл прогласи банкрот во 2022 година, со образложение дека Кремљ им ги одзел средствата, но не беше јасно за која сума станува збор.
Документите покажуваат дека банкарската сметка на компанијата била запленето по пресуда на судот во Москва дека Гугл треба да плати отштета на ТВ Царград, пропаганден канал во сопственост на олигархот Константин Малофејев и на уште две телевизии како компензација за нивното отстранување од YouTube и бришење на нивните сметки на Google.
Минатата недела Google поднесе жалби до американските и англиските судови против RT, ТВ Царград и станицата NFPT.