Руските власти соопштија дека еден од товарните воени авиони од типот „Илјушин Ил-76“ со 15 луѓе се урнал кратко по полетувањето поради пожар во еден од моторите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руските власти соопштија дека еден од товарните воени авиони од типот „Илјушин Ил-76“ со 15 луѓе се урнал кратко по полетувањето поради пожар во еден од моторите, објави Ројтерс.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека несреќата се случила во регионот Иваново, а руските портали, според прелиминарните податоци, објавија дека нема преживеани. Агенциите наведуваат дека во авионот имало седум патници и осум членови на екипажот.

 

Ројтерс објави дека на непотврдените видеоснимки на социјалните мрежи се гледа како авионот паѓа со еден запален мотор. Потоа се гледа како се издигнува темен чад додека над местото на несреќата кружи хеликоптер.

Руската државната агенција ТАСС наведува дека авионот паднал околу 13 часот во областа Иваново, додека бил на рутински лет. Очевидец за ТАСС изјави дека „Илјушин Ил-76“ паднал во близина на селото Богородское. При падот авионот не предизвикал никаква штета на земјата.

Ова е втор „Илјушин Ил-76“ кој падна од почетокот на годината. Украинските вооружени сили соборија еден со 74 патници на 24 јануари, пренесува ТАСС.

Share This Article