Руските власти дале налог, причината засега непозната

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руското Министерство за внатрешни работи распиша потерница по Олег Навални, братот на Алексеј Навални – опозиционерот кој почина на 16 февруари во затворската колонија „Поларни волци“. Засега не е позната причината за издавање на потерницата, пишува руски ТАСС.

Олег во 2014 година беше осуден на 3,5 години затвор за измама. Во 2022 тој беше баран за учество на протест во Москва поради апсењето на брат му Алексеј.

Во меѓувреме, мајката на Навални, Људмила, во видео се обрати до рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека петти ден чека да ѝ го предадат телото за да може човечки да си го погреба синот.

Вдовицата на Навални, Људмила во неколку пораки деновиве ги обвини руските власти дека го отруле нејзиниот сопруг со нервниот гас „Новичок“ и дека намерно ги кријат трагите.

Јулија Навалнаја беше наречена „нова закана за Путин“ откако од Минхен порача дека ќе ја продолжи мисијата Навални.

Share This Article