Владимир Путин е „тотално бесен“ откако проектилите на Киев го уништија неговиот воен брод на Крим, пренесува британски Индипендент. Според украинската група Атеш, рускиот претседател дури наредил рации низ градот и се очекува да ги казни кримските противвоздушни сили.
Станува збор за уништување на бродот Новочеркаск, кој бил дел од руската Црноморска флота на Крим, а видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека е целосно уништен во напад на украинските сили.
Каналот Атеш на Телеграм објави дека „тркалото на репресијата се врти… Од вчера се врши рација на локални жители низ градот, им се одземени мобилните телефони и се претресуваат нивните куќи“.
Тие објавија дека рускиот претседател бил толку разлутен од уништувањето на големиот јуришен амфибиски брод што издал наредба за казнување на силите за воздушна одбрана на Крим. Се очекува дека многу команданти ќе бидат сменети и испратени на фронтот за да учествуваат во јуришни групи.
Бродот Новочеркаск бил користен за транспорт на муниција и персонал на Запорожје фронт во јужна Украина, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили.