Рускиот војник во Украина се изјасни за виновен

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Вадим Шишимарин (21), рускиот војник кому се суди за воени злосторства во Украина, денеска се изјасни за виновен за убиство на невооружен цивил.

Тој е обвинет дека застрелал невооружен 62-годишен цивил во првите денови по почетокот на инвазијата и се соочува со доживотен затвор.

Според обвинителите, Шишимарин бил во украдено возило со други војници во североисточниот регион Суми, кога наишле на 62-годишен велосипедист, кој држел мобилен телефон.

Наводно, на Шишимарин му било наредено да пука во цивилот, со цел да го спречи на украинските бранители да им ја открие локацијата на руските војници.

– Со ова прво судење, праќаме јасен сигнал дека секој извршител, секое лице што наредило или помогнало во вршење на злосторство во Украина, нема да избегне одговорност – изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.

Обвинителите велат дека би можеле да претстојат повеќе судења, откако ќе се идентификуваат илјадници потенцијални злосторства извршени од руските сили. Москва негираше дека нејзините војници целеле цивили.

Кремљ тврди дека нема информации за судење на руски војник и го обвинува Киев за измислување обвиненија.

Share This Article