More

    Рускиот ракетен напад врз Киев однесе најмалку една жртва

    spot_img

    Најмалку едно лице загина, а две лица се повредени во утринскиот руски ракетен напад врз Киев. Украинските власти известуваат и за ракетни напади во јужниот пристанишен град Керсон.

    Руската армија изврши ракетен напад врз украинскиот главен град Киев. Според првите информации на локалните власти, најмалку едно лице загинало, пренесува француската новинска агенција АФП.

    Како што објави на Телеграм Сергеј Попко, шеф на воената администрација во Киев, руските сили употребиле ракети Кинжал и Искандер во нападот околу 7 часот по локално време (6 часот по средноевропско време).

    Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека две лица се повредени во нападот и се пренесени во болница. Во четири области на главниот град на Украина, остатоци од ракети паднале врз автомобили и згради и предизвикале пожари. Спасувачките служби работат насекаде“, објави и Кличко на Телеграм.

    Украинските власти известија и за ракетни напади во јужниот пристанишен град Керсон, каде што едно лице загина, а шест беа ранети, како и на неколку други места низ Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img