More

    Рускиот претседател Владимир Путин за првпат проговори за терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус во Москва, во кој загинаа повече од 110 лица, а повеќе од 140 се повредени

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин за првпат проговори за терористичкиот напад на трговскиот центар Крокус во Москва, во кој загинаа повече од 110 лица, а повеќе од 140 се повредени.

    Нападот што се случи синоќа Путин го нарече „крвав и варварски“ и рече дека терористите се упатиле кон Украина, каде што им бил подготвен „безбеден премин“, пишува Риа Новости.

    – Како некогаш нацистите, мислеа да извршат демонстративна егзекуција. Казната ќе ја сносат сите извршители, организатори и нарачатели, кои и да се. Ќе го казниме секој кој ќе застане зад терористите кои го планираа тој напад врз Русија и нашиот народ – изјави Путин.

    Рускиот претседател соопшти дека се воведени посебни мерки насочени кон борба против тероризмот со цел да се спречат нови напади. Како што рече, Русија се соочува не само со внимателно, цинично планиран терористички напад, туку и со подготвено и организирано масовно убиство на мирни, беспомошни луѓе.

    – Сега најважно е да ги спречиме оние кои стојат зад терористичкиот напад да извршат нови злосторства – посочи тој.

    Путин им се заблагодари на екипите за итна помош, пожарникарите и спасувачите кои направија сè за да ги спасат животите на луѓето и изрази сочувство до оние кои загубија роднини и пријатели.

    Рускиот претседател нагласи дека на сите ќе им биде укажана потребната помош, а утрешниот ден, 24 март ја прогласи за ден на жалост.

    – Руската Федерација ќе ги идентификува и казни сите кои подготвија терористички напад. Терористите ги чека само одмазда и заборав. Тие немаат иднина. Заедничка должност на Русите сега е да бидат заедно, и така ќе биде. Никој не може да го разниша единството на руските граѓани, рече тој.

    Безбедносните служби на Русија соопштија дека имало најмалку една експлозија, по што избувнал пожар. РИА објави дека напаѓачите фрлиле граната или огнена бомба. Во пожарот, како што беше кажано, уништени се горните катови од зградата, а зафатена била површина од најмалку 13.000 квадратни метри.

    Досега се уапсени 11 лица, меѓу кои и четири лица кои се осомничени дека директно учествувале во нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img