Рускиот постојан претставник во ОН Василиј Небензија изјави дека Русија не го поддржува предлогот за создавање демилитаризирана зона околу нуклеарната централа Запорожје.
– Демилитаризацијата на нуклеарната централа може да ја направи ранлива од оние кои сакаат да ја посетат. Никој не знае кои ќе бидат нивните цели – изјави Небензија.
Претходно, генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш повика на повлекување на воениот персонал и опрема од централата и инсистираше на избегнување воена акција во близина на централата.