Рускиот патријарх Кирил му се јавил на поглаварот Стефан

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот патријарх Кирил Кирил вчера разговарал телефонски со архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, соопшти руската амбасада во Скопје.

Како што се наведува во информацијата од руската амбасада во Скопје, поглаварот на МПЦ-ОА изразил благодарност од името на епископијата, свештенството, монаштвото и мирјаните на Македонската православна црква – Охридска архиепископија за признавањето на нејзината канонска автокефалност од страна на Руската православна црква (РПЦ).

„Неговото блаженство архиепископот Стефан се заблагодари и за посетата на Северна Македонија на високата делегација на Московската патријаршија на чело со претседателот на Одделот за надворешни црковни односи митрополитот волоколамски Антониј, во рамките на која во Лесновскиот манастир епископите на двете цркви за прв пат заедно служеа Божествената литургија со голем собир на верници во денот на празникот Свети Гаврил Велички. Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изрази искрена благодарност до Неговата светост патријарх Кирил за неговата љубов и внимание и изрази надеж дека наскоро ќе се сретне со него. Од своjата страна, патријархот Московски и на цела Русија г.г. Кирил зборуваше за љубовта што верници од Руската православна црква традиционално ја чувствуваат кон своите православни браќа во Северна Македонија и изрази длабоко задоволство од обновувањето на нејзиното канонско заедништво со помесните православни цркви и стекнувањето автокефален статус. Патријархот го увери соговорникот во непоколебливата сеопфатна поддршка од страна на Московската патријаршија и го замоли да се моли за Руската православна црква во овие тешки моменти“, се вели во соопштението на амбасадата.

Share This Article