На социјалните мрежи кружат видеа од рускиот напад и големата експлозија во украинската електрана, по што многу делови на Украина останаа без струја.
На видеото се гледа експлозијата во електраната CHPP-5 во Харков и бранот кој уништи се пред неа, пишува Дејли Мејл.
Руските сили отворија оган врз најголемите електрани во источна и централна Украина.
По експлозиите речиси една третина од Украина остана без струја, но властите во Киев тврдат дека го обновиле снабдувањето со електрична енергија.