More

    Рускиот амбасадор во САД го повика Вашингтон да ги запре „непријателските летови“

    spot_img

    Рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов, во средата го повика Вашингтон да ги прекине „непријателските“ летови во близина на границите на Русија, еден ден откако американско беспилотно летало пресретнато од руски ловци се урна во Црното Море.

    „Ние тргнуваме од принципот дека САД треба да се воздржат од дополнителни шпекулации во медиумскиот простор и да престанат да летаат во близина на руските граници“, рече Антонов на Телеграм.

    „Секоја акција во која се користи американско оружје ја сметаме за непријателска“, напиша Антонов и нагласи дека „Русија не сака конфликт и останува отворена за прагматична соработка во интерес на народот на нашите земји“.

    САД во вторникот соопштија дека руски воени авиони пресретнале и оштетиле американско беспилотно летало „Рипер“ над Црното Море, што предизвикало негово уривање.

    Русија тврди дека нејзините борбени авиони не стапиле во контакт со американскиот дрон кој се урна во Црното Море, велејќи дека дронот паднал поради „остри маневрирање“.

    Москва објаснува дека руските ловци забележале американско беспилотно летало како се приближува до руската граница „во областа на полуостровот Крим“.

    „Руските ловци не го употребија оружјето, не стапија во контакт со дронот и безбедно се вратија на матичниот аеродром“, соопшти Министерството за одбрана.

    Русија наведува и дека дронот летал „со исклучени транспондери“ и дека „го прекршил привремениот режим на користење на тој воздушен простор воспоставен поради специјална воена операција“ во Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img