Руски војник му раскажал на пријателот што слушнал во врска со Крим

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Украинците планираат да си го вратат полуостровот Крим со 150.000 војници кои во три дивизии треба да нападнат, сугерира аудиоснимка која била пресретната од страна на Украинското воено разузнавање(ХУР), пишува Киев Пост.

На снимката руски војник му раскажува на пријателот за она што го наслушнал. Киев Пост пишува дека не е јасно од каде на војникот му е информацијата и дека таа не соодветствува со последните изјави на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се надева дека нема да има директна конфронтација меѓу руските и украинските сили на Крим.

Се наведува и дека Зеленски во интервју на националната телевизија рекол дека доколку Украинците стигнат до административната граница со Крим можно е да се изврши притисок врз Русите сами да си отидат.

Во прислушуваниот разговор рускиот војник на пријателот му вели:

– Слушнав дека повторно овие мајкоебачи подготвуваат нешто. Па, да го ебам, три дивизии, 100 илјади луѓе сe тоа. Тие доаѓаат од тренинг. Сите овие тенкови, сè што подготвија, сега ќе бидат фрлени (во војна). Тие сакаат повторно да го заземат Крим – вели војникот.

– Три дивизии се подготвуваат. Првите две се за офанзивен напад, а третата ќе дојде за да направи чистка – додава тој.

На овие зборови пријателот на војникот пробува да го утеши велејќи дека и Москва има свои резерви. На тоа војникот одговара:

– Па, имаме малку резерва. Се чини дека персоналот се обучува во Чебаркул (базата за обука на специјалните сили на руските вооружени сили ).

- Advertisement -
Ad image

Според Управата за украинското разузнавање(ХУР) снимката покажува дека руските војници сѐ повеќе се одлучуваат да се предадат. Дури, портпаролот на ХУР тврдеше дека оваа бројка скокнала за неверојатни 70 отсто.

Share This Article