More

    Руски проектил погоди брана во регионот на Доњецк, заканувајќи се да ги поплави околните населени места

    spot_img

    Украинските власти објавија 55 руски воздушни напади во последниот ден. Во главниот град нема информации за жртви или штети.

    Руските сили извршија нов бран воздушни напади врз Киев во текот на ноќта, соопштија денеска воените претставници во главниот град на Украина, додавајќи дека украинските системи за противвоздушна одбрана ги пресретнале и уништиле сите проектили.

    „Уште еден воздушен напад врз Киев, тринаесетти по ред од почетокот на мај! И како и секогаш ноќе“, објави воената управа на градот на својот профил на Телеграм. Тие напишаа дека руските стратешки бомбардери Ту-95МС Туполев истрелале крстосувачки ракети кон градот од областа на Каспиското Море.

    Во својот дневен утрински извештај, украинскиот Генералштаб објави 55 руски воздушни напади во изминатиот ден, од кои 36 со беспилотни летала и четири со ракети. Ракетата С-300 погоди брана во областа Карливка во регионот на Доњецк, така што постои голем ризик од поплавување на другите блиски населби, додаваат тие.

    Во меѓувреме, во Русија, според локалните власти, детонацијата оштетила зграда во градот Краснодар, која се наоѓа во близина на украинскиот полуостров Крим, но нема жртви, пренесува руската новинска агенција Риа Новости АФП.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img