More

    Руски милионер, неговата бремена сопруга и ќерката (13) се пронајдени мртви во стан во Москва

    spot_img

    Владислав Аваев (51), поранешен функционер на Кремљ и поранешен потпретседател на банката Гаспром, е пронајден мртов во својот луксузен стан на 14-ти кат од зграда во Москва. Во истиот стан биле пронајдени и телата на неговата наводно бремена сопруга Јелена и нивната ќерка Марија (13).

    Според медиумите, телата на милионерот, неговата сопруга и ќерка ги пронашла постарата ќерка Анастасија (26) која насилно влегла во станот откако со часови не можела да стапи во контакт со никого од семејството.

    Сите три тела имале прострелни рани. Телото на Владислав и Јелена било пронајдено во дневната соба, додека Марија лежела во локва крв во спалната соба.

    Според медиумите, Анастасија Авајева во полиција рекла дека пиштолот бил во раката на нејзиниот татко кога го пронашла неговото тело.

    Според официјалното соопштение од полицијата, во станот биле пронајдени 13 парчиња оружје, за кои наводно Авајев имал дозвола. Полициски извори наведуваат дека во станот не се пронајдени траги од претресот, ниту пак има знаци дека во станот имало некој друг освен членови на семејството.

    Соседот: Слушнав три истрели и крик
    „Слушнав вкупно три истрели и врескање. Жената врескаше. По нејзиниот врисок се слушнаа два истрела, а потоа никој веќе не врескаше“, раскажала сосетката која се претставила само како Кристина.

    Друг сосед рече дека Аваев бил „паметен човек, речиси шеф на Газпром банката“.

    “Го видов, не изгледаше како манијак. Немаше причина да го прави тоа. Беше богат и паметен. Нема шанси да убие таков човек. Можеби Аваев и неговото семејство се убиени”, рече таа.

    Мотивот за масакрот од љубомора?
    Иако причината за смртта не е официјално објавена, во медиумите се појавија две теории за мотивот за, како што изгледа, убиство и самоубиство.

    Првите извештаи укажуваат дека рускиот бизнисмен ги застрелал сопругата и ќерката, а потоа си пресудил поради љубомора. Според една теорија, Владислав Авајев ја убил својата сопруга откако дознал дека е бремена со неговиот возач. Сепак, наводите дека Јелена е бремена не се потврдени.

    Друга теорија е дека богатиот банкар дознал дека сопругата го изневерува со возачот, кој претходно дал отказ.

    Кој е Владислав Аваев?
    Аваев беше извршен директор на Гаспром банка, која ја напушти, но не се знае дали одржувал контакт со неа.

    Тој претходно беше заменик-шеф на „големиот оддел“ во администрацијата на Путин во Кремљ. Своето богатство го стекнал преку својата градежна компанија.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img