Руската рубља денеска падна за 30 отсто, како последица на меѓународните санкции против финансискиот систем на земјата поради окупацијата врз Украина, пишува ФајненшлТајмс. Отпрвин, падот беше 40 отсто, а подоцна, во текот на денот таа успеа да закрепне на 107 рубљи за еден долар, за да се задржи на 28, односно скоро 30 отсто.
Руската централна банка повеќе од двојно ги зголеми каматните стапки на 20 отсто и им забрани на странците да продаваат локални хартии од вредност, во обид да ги заштити својата валута и економија.
Со санкциите, руската Централна банка не може да продава девизи за да ја поддржи рубљата.