Руската армија регрутирала стотици јеменски платеници за учество во војната против Украина, објави синоќа „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на сведочење на некои од овие лица

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Руската армија регрутирала стотици јеменски платеници за учество во војната против Украина, објави синоќа „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на сведочење на некои од овие лица.

Јеменците за весникот изјавиле дека им било ветено добро платено работно место па и руско државјанство. Но, откако пристигнале во Русија преку компанија поврзана со хуситското движење на Хутите, тие биле принудно вклучени во составот на руските вооружени сили и испратени на првата линија на фронтот.

Изданието претпоставува дека регрутирањето започнало во јули годинава. Се наведува дека појавата на Јеменци на фронтот во Украина е резултат на прикриена операција за трговија со луѓе. Во публикацијата се наведува и дека информациите укажуваат на зголемени врски меѓу Москва и јеменската бунтовничка групација Хусити, која е поддржана од Иран.

Испраќањето јеменски платеници во Украина сугерира дека во конфликтот се вовлекуваат сè повеќе странски сили, во време на големои загуби на жива сила, а Кремљ се обидува да избегне целосна мобилизација, наведува везникот. Се додава и дека меѓу странските државјани што Русија ги привлекува во борбите со Украинците има граѓани на Индија, Непал и околу 12 илјади војници од редовната армија на Северна Кореја.

За објавата за регрутација на јеменски граѓани во војната против Украина од Москва нема реакција.

Share This Article